Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црна Гора ги легализираше геј браковите – пред матичар чекаат 20 истополови двојки

0
By Biljana on July 15, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за животно партнерство на лица од ист пол бил изгласан денеска во Собранието на Црна Гора, пренесе црногорскиот портал „Вести“. Предлог-законот за истополово партнерство го поддржале 42 пратеници. Нацрт законот ќе почне да се применува после една година од датумот на усвојување во Собранието.

Секојдневието на ЛГБТ паровите во Црна Гора би можело да биде слично како и секојдневието на хетеросексуалните партнери, барем на хартија, но со големи ограничувања бидејќи законското решение не предвидува можност за старателство или посвојување на деца.

Што добива ЛГБТ заедницата со овој закон?

Од ресорното министерство велат дека ЛГБТ популацијата ќе добие исти права како и оние за хетеросексуалните парови и додаваат дека паровите од ист пол ќе можат да остваруваат права на здравствена и социјална заштита.

„Овој закон се однесува пред се на заедничкиот живот на лицата од ист пол и на сите права и обврски кои произлегуваат од тоа“, рече преставничката на Министерството за човечки и малцински права, Бланка Радошевиќ – Маровиќ.

Сепак, со предлогот на Владата се поставени и некои црвени линии – во него не се споменува можноста истополовите двојки да бидат родители, да станат старатели или пак да посвојуваат деца.

Што вели ЛГБТ заедницата

Кристина Четковиќ, авторка на првиот лезбијски роман во Црна Гора, за „Би Би Си“ рекла дека самиот Предлог-закон за неа претставува „голем исчекор“.

„Лично, драго ми е што ќе можеме да оствариме некои од законските права кои одамна им се достапни на стрејт лицата. Ова е еден чекор напред во борбата против дискриминацијата, но останува се уште можност, повод и желба за промена и работа се додека две лица од ист пол не бидат изедначени како и партнерството помеѓу две лица од различен пол “, вели таа.

Таа се надева дека „нема да остане само на формално препознавање на партнерството, туку во следниот период ќе следат суштински промени, пред се во менталитетот и толеранцијата кон различностите“.

„Се додека не сум во можност да ја остварам улогата на родител, ќе сметам дека во Црна Гора сум дискриминирана поради мојата сексуална ориентација“, вели Кристина Четковиќ.

За Бојана Јокиќ од ЛГБТ Форум Прогрес, Законот за животна заедница за лицата од ист пол претставува значаен чекор напред кон изедначување на законските регулативи за истополовите партнерства.

„Ова изедначување е природен чекор кон поставените стратешки цели на ЛГБТ движењето. Останува и одреден број на проблеми кои се извесни, а се однесуваат на заштитата од насилство, безбедноста, секојдневниот живот, како и самото обелоденување на регистрираните истополови бракови во јавноста“, вели Јокиќ.

Идниот процес го доживуваат како „продолжение на борбата“.

Како е во регионот:

Законот за истополови бракови не подразбира само склучување на брачна заедница, туку носи и низа права кои им се ускратени на геј паровите.

Кога Законот би бил усвоен геј паровите би имале исти права како и хетеросексуалните парови – би можеле да склучат брак, да поседуваат заеднички имот и да го наследуваат еден од друг. Исто така би имале право на здравствено осигурување, посета на болници, заедничка грижа за децата, како и обврска да се грижат за децата на партнерот доколку нема друг близок роднина. Ниту едно од овие права немаат геј паровите во Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Хрватска во 2014 година ги легализираше истополовите бракови, а Словенија го направи тоа во 2017 година.

Владата на Федерацијата БиХ во 2018 година ја прифати иницијативата да се направи законска рамка за легализирање на истополовите бракови, додека Република Српска не ја ни разгледала оваа иницијатива и не ги признава браковите помеѓу лица од ист пол.

Србија и Република Северна Македонија исто така не ги признаваат истополовите бракови.

Кој е против?

За време на јавната расправа, претставници на црквата, како и некои политичари биле против ваквото законско решение пред се поради стравот дека истополовите сопружници би можеле да посвојуваат деца. Многимина си го поставиле прашањето “како тоа ќе им го објаснат на сопствените деца“?

Митрополитот црногорско – приморски Амфилохие, кој во Октовмри минатата година почина како последица од Ковид 19, во време додека траела јавната расправа во земјата, преку писмо испратено до највисокиот државен врв во Црна Гора, пишал дека „е загрижен за Црна Гора и за иднината на децата кои ќе живеат во земјата“. Тој тогаш оценил дека Предлог-законот е „голем чекор во правец на разорување на семејството, што нема да биде добро за никој, па ни за оние на кои се однесува“.

Лидерот на опозициската партија “Права на Црна Гора“, Марко Милачиќ, додека Законот бил во подготовка рекол дека тоа е напад на духот на граѓаните на Црна Гора и повикал граѓаните за тоа да се изјаснат на референдум.

Во ред кај матичар чекаат 20 истополови двојки

Претставниците на ЛГБТ заедницата во Црна Гора и официјално ќе можат да склучат брак пред матичар, откако на сила стапи Законот за животно партнерство за лицата од ист пол, кои по кажувањето на судбоносното „Да“ ќе може да добијат и уверение за случено партнерство.

Претседателот на Управниот одбор „Квир Монтенегро“, Даниел Калезиќ, за „Дневни вести“ вели дека ова за нив е многу значајно бидејќи овој ден го чекале 10 години.

Тој рекол и дека, според информациите кои ги имаат, 20 истополови парови во Црна Гора чекаат ред кај матичар.

„Ова е многу важно за нас, пред се поради тоа што конечно нашите семејства ќе бидат признаени пред Законот. 10 години по првичната иницијатива сме чекор поблиску до рамноправност. Секако, со овој Закон не е решено се, ќе почекаме да бидат дополнети уште 26 закони за да може во пракса да се користат сите права кои законот ни ги овозможува“, рекол Калезиќ.

Неодамна, 20 матичари и матичарки од осум општини во Црна Гора завршиле обука за склучување на животни партнерства.

Закон за истополови бракови истополови бракови ЛГБТ Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.