Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТЦ „Соравија“ се продава на „Тор индустрис“ од Скопје и албанската „Пе-вла-ку ШПК“ со долгови од 20 милиони евра

0
By Соња Крамарска on June 26, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продажбата на бизнис центарот „Соравија“ во Скопје  на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“ се спроведува со кредитна линија во износ од шест милиони евра преку Крединс банк, а со неа идните сопственици преземаат долг од 20 милиони евра. Износот на трансакцијата ќе биде објавен во септември кога ќе завршат сите процедури, а 51 процент од уделот ќе биде на  „Пе-вла-ку ШПК, 39 проценти на „Тор индустрис“, а 10 проценти ќе останат кај се уште актуелниот сопственик Хано Соравија.

Ова го соопштија на заедничка прес-конференција Дрин Ахмети, извршен директор на „Тор индустрис“ и  Владимир Пјетерѓокај, сопственик на „Пе-вла-ку ШПК“, а на која податоци преку видео обраќање сподели и Хано Соравија.

Ахмети, кој во јавноста беше прозван за купопродажбата поради износот што според објавите изнесува 30 милиони евра и тоа што негов чичко е претседателот на ДУИ и коалициски партнер во Владата Али Ахмети, на прес-конференцијата рече дека се е во ред со купопродажбата, споделувајќи потврда од албанската банка Крединс Банк за високата репутација на Пјетерѓокај како акционер во оваа банка, со што се гарантира за кредитната линија од која досега се повлечени три милиони евра.

Како што појасни Ахмети, активностите почнале во април лани со анализи за финансиските податоци на компаниите со удел во „Соравија“, во кои било утврдено дека има долг, што, како што рече, го виделе како можност.  По анализите во октомври се одржала средба во Виена на која се дискутирало за можноста за соработка, а разговорите продолжиле до 26 мај кога бил потпишан договор за купопродажба на акциите.

„Ова е приказната. Компанијата има долгови од 20 милиони евра, претежно кон финансиски институции, а кои ние ги преземаме, обезбедувајќи шест милиони евра кредит од кои три милиони евра се веќе активирани за да се промени иднинатата на компанијата и да ја направиме профитабилна“, рече Ахмети, кој не го откри износот на купопродажниот договор поради доверливоста на процедурите.

Ахмети ги отфрли тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека негова фирма има само еден вработен, а добила концесија од државната ЕСМ за ископ на варовник.

„Не знам за овие обвинувања, но секои обвинувања што вообичаено доаѓаат од политички партии се за политички игри. Во спротивно би оделе во Обвинителстството“, рече Ахмети, дополнувајќи дека фирмата има 15-тина вработени, но оти бројката се менува.

Прашан дали ако биде побарано ќе го докаже потеклото на имотот во компаниите што ги поседува Ахмети истакна дека за секоја сопственост може да ги споделат сите информации.

„Нема да сокриеме ништо, иако некои информации се доверливи“, рече Ахмети.

Во коментар на тоа дека во јавноста е познат „како внукот на Али Ахмети“, наведе дека неговиот чичко му е мотивација цел живот, но оти нема ништо со неговите бизниси.

Тој на прес-конференцијата зборуваше на англиски јазик, а како причина зошто не зборува македонски наведе дека живеел и во државава и во странство, нагласувајќи дека парите и капиталот не познава националности.

Хано Соравија, исто така посочи дека износот на договорот е од доверлив карактер и потврди дека со купопродажбата тој ќе има 10 отсто удел во компанијата. Појасни дека долгот од 20 милиони евра се дел од кредитите со коишто го купил бизнис центарот од државата.

Прашан дали за склучувањето на договорот верува во Дрин Ахмети, во неговата компанија или пак во презимето на Ахмети, Соравија рече дека верува во неговото образование, способностите за преговарање и за бизнис.

Пјетерѓокај објасни дека со Дрин Ахмети се знае четири години и оти имаат соработка во  проекти во Италија.

„За тоа дека Дрин е внук на Али Ахмети, секој е сечиј внук“, рече Пјетерѓокај, кој сподели дека претходно конкурирал на повеќе тендери во државава и иако нудел најниска цена не добил ниту еден договор. Планира да инвестира во иднина во друг проект, а се уште размислува дали да се вклучи во проектот за изградбата на коридорите 8 и 10д.

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 15 јуни објави информација дека добиле известување дека бизнис центарот Соравија се продава на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“, како и дека врз основа на прелиминарното испитување утврдиле дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак, како што соопшти Комисијата конечната одлука по ова прашање е резервирана.

До Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација со која Друштвото за производство, трговија и услуги „Тор индустрис“ од Скопје и албанската „Пе-вла-ку ШПК“, со адреса во главниот град на Албанија, Тирана, ќе стекнат заедничка контрола над Друштвото за градежништво и услуги „Соравиа инвест“ ДООЕЛ и над Друштвото за градежништво и услуги „Соравиа менаџмент“ ДООЕЛ.

Во известувањето на Комисијата  е наведено дека „Тор индустрис“ е друштво основано во 2020 година чија основна дејност е развој на градежни проекти.

„’Тор индустрис’ има подружница во Северна Македонија – ‘Тор ИТ-системс’ Скопје која врши компјутерско консултантски дејности. ‘Пе-вла-ку’ е една од најголемите градежни компании во Албанија и Косово, основана во 2005 година. Во своето постоење, а особено во последните години, ‘Пе-вла-ку’ има планирано и успешно реализирано десетици градежни проекти. ‘Пе-вла-ку’ има направено успешни чекори во слободната пазарна економија и со своите проекти беше дел од развојот на двете земји. Со искуство од над 14 години, нивната работа, работење и дејствување се проширува и тие се присутни во многу зони на Албанија и Косово“,  стои во известувањето на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Тор ИТ-системс“ и подружницата на „Пе-вла-ку“ во земјава се регистрирани на иста адреса, односно со седиште на улицата „Филип Втори Македонски“ број 3, како фирмите чија контрола ја преземаат.

Со иста адреса е и компанијата „Соравиа инвест“ ДООЕЛ Скопје чија контрола ја преземаат. Станува збор за друштво со ограничена одговорност основано во 2006 година, чија дејност е издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг). „Соравиа инвест“ е сопственик на бизнис-центарот „Соравиа“ во строгиот центар на Скопје, односно во продолжение на Градскиот трговски центар.

„Соравиа менаџмент“ ДООЕЛ Скопје, пак е со основна дејност управување со недвижен имот со хонорар или врз база на договор и работи како давател на услуги за управување на  ТЦ „Соравиа“.

Врз основа на прелиминарното испитување, Комисијата утврдила дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, но како што соопшти сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.

извор: МИА

„Соравија“ Дрин Ахмети продажба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.