Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туфегчиќ: Обвинителство не докажа надвор од разумно сомнение дека таткото го сторил кривичното дело кое му се става на товар

0
By Marija Todorovska on June 9, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По основ на таткото, Јавното обвинителство не докажа надвор од разумно сомнение дека го сторил кривичното дело кое му се става на товар, изјави бранителот на Александар Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегчиќ, по завршните зборови на обвинителство за случајот за убиството на Вања и Панче.

Туфегчиќ, во изјава за медиумите по денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје, рече дека лично е изненаден од завршните зборови на Обвинителството од причина што, како што вели, очекувал силна енергија и силни аргументи, додека напротив вели, „добивме само една сувопарна компилација на прочитани докази, неповрзани едни со други“.

Единствениот темел на обвинението, на Обвинителството за таткото е тоа што во даден момент, според нечија перцепција тој се однесувал чудно, односно бил чуден. Не слушнавме и не е понуден ниту еден доказ за каква било негова инволвираност и од тие причини сметам дека се остварија моите предвидувања, дека Обвинителството нема да го повлече обвинението и верувам во една праведна одлука на Судот во однос на таткото, изјави Туфегчиќ.

Основот на одбраната, нагласи Туфегчиќ, е дека не постои ниту една комуникација, ниту нешто што би го компромитирало таткото или би го довело во врска со останатите обвинети.

Не постои ништо што би го довело таткото во врска со овие луѓе, за кои во текот на постапката се изведени доволно докази, од кои секој обичен набљудувач може да изведе еден логичен заклучок дека во овој случај основот на обвинението користољубие е одамна паднат и овде се работи за сосема нешто друго. Според мене лично, дело извршено за да се внесе страв и немир во населението, особено во основните училишта, а кои биле мотивите, тоа е докрај нерасчистено поради една површна истрага и многу пропусти во истражната постапка, нагласи Туфегчиќ.

Според Туфегчиќ, сосема е бесмиселно, во 21 век да се примени тортура, при постоење на современи истражни методи и технологија со кои може да се дојде до вистината.

обвинителство туфегчиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.