Подморскиот тунел Мармарај кој ќе ги поврзе Европа и Азија, ќе биде отворен денеска од страна на турскиот претседател Абдула Ѓул и премиерот Рееп Тајип Ердоган. Четири минути ќе бидат потребни да се помине од едниот континент до другиот.
Се очекува низ „босфорскиот тунел“ да минуваат околу 1,2 милиони патници.
За време на ископувањето на проектот Мармарај, биле пронајдени околу 35.000 историски споменици и 13 потонати бродови.
За овој проект, уште во 1860 година сонувал Султанот Абдулмеџид, кој уште пред 153 години имал желба да ги спои Европа и Азија.
Работата на тунелот долг 1,4 километри е започната во 2004 година, а чини околу 3 милијарди евра.