Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Tупаници за политичарите

0
By Биљана Секуловска on January 17, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Сцените на насилства во парламентите се вообичаени во земјите во кои политичката култура е на ниско ниво, каде дијалогот, дебатата, компромисот и толеранцијата се непознаница за политичките елити. Компилацијата на видео снимки ги прикажува земјите во кои хаосот и насилството се единствениот начин на комуникација помеѓу пратениците, како претставници на народот кои познаваат само еден начин како да го штитат јавниот интерес и сопствените политики- тупаниците.

Сцени од брутално и насилно протерување на новинарите од парламентарна седница не можат да се најдат низ светските архиви, освен оние во Македонскиот Парламент, на 24.12.2012

Парламентарниот примитивизам во слабо развиените земји секогаш е добра забава за останатиот, високоразвиен свет и една од сериозните аргументи зошто ваквите нецивилизирани земји често и немаат пристап во организациите и алијансите на старите демократии. Но, снимките од британскиот парламент пред година и пол ја шокираа светската јавност заради сосема друга причина- слабото обезбедување кое го превиде насилниот акт со доза на хумор на напаѓачот. Имено, медиумскиот барон Руперт Мурдок беше нападнат со шлаг од торта за време на сослушувањето во британскиот парламент (во Комитетот за култура, медиуми и спорт) околу скандалот за прислушкувањето на илјадници јавни личности и граѓани, од страна на неговата медиумска корпорација NewsCorp. Неговата сопруга, нарекувана и жена-тигар, Венди Денг, храбро се спротивстави на напаѓачот Џони Марблс, кој се претставува како активист и комичар. Лабуристичката партија веднаш го исклучи од членството Марблс, а претходно лабуристот Том Вотсон се шегуваше со Мурдок: “Вашата сопруга има многу добро лево кроше”.

Со скандалот со прислушкувањето за Карл Бернштајн (кој заедно со Боб Вудворд го откри Вотергејт скандалот) може да се направи неверојатна паралела со падот на Ричард Никсон, чија претседателска кариера беше уништена заради прислушкувањето на просториите на Демократската странка: “Овие два настани се културни моменти со огромни последици околу корупција на највисоки нивоа во државата”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
ФОКУС

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

ВЕСТИ October 15, 2025

Руските ракетни и беспилотни летала извршени во текот на ноќта предизвикаа прекини во електричната енергија…

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

October 15, 2025

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.