Синдикатот на турските новинари ја осуди реакцијата на полицијата при растурањето на демонстрантите на истанбулскиот плоштад Таксим во саботата, се наведува во вчера објавеното соопштение на синдикатот на новинари, овјавува МИА.
– Најмалку 13 новинари беа повредени од полициски палки, пластични куршуми и солзавец.
Над 80 граѓани беа притворени. Ние остро го осудуваме полициското насилство кон новинарите, што ја вршат својата работа и народот, што го користи правото на мирно изразување на својот став, се наведува во соопштението.
Голем број од новинарите се принудени за време на митинзите и судирите да носат маски, поради употребата на солзавец од страна на полицијата за растурање на демонстрантите.