Двајца загинати е епилогот од последните протести во Турција кои избувнаа како резултат на смртта на 15-годишното момче кое минатата година при демонстрациите за паркот Гези беше погодено со солзавец по главата.
Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, во денешното обраќање кон своите поддржувачи, обвини дека протестите се организирани од „шарлатани“ кои не ја познаваат демократијата.
– Предизвикуваат хаос за да профитираат, но нема да добијат ништо, а одговорот ќе го добијат на 30-ти март, кога се одржуваат локалните избори во Турција, рече Ердоган.
Погребот на 15-годишниот Беркин Елван вчера го пренесувале сите поголеми телевизиски куќи во Турција. Во главниот град Анкара неколку илјади демонстранти се собрале на централниот плоштад Кизилај. Полицијата се обидела со водени топови и солзавец да ги избрка демонстрантите од Тузлучаиру.
Беркин Елван, почина во вторникот по 289 дена минати во кома во клиника во Истанбул откако.