Турција го ограничи пристапот до Твитер само неколку часа откако премиерот Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ја „искорени“ социјалната мрежа.
Многу корисници кои денеска се обиделе да влезат во Твитер се соочиле со соопштението на телекомуникациските власти во кое се наведува дека сајтот е блокиран по судска наредба.
Ердоган вчера на предизборниот митинг во Бурса, десет дена пред локалните избори на 30 март, вети дека ќе го затвори Твитер. Неговата закана уследи само две недели откако најави дека ќе ги забрани Фејсбук и ЈуТјуб, „ако е неопходно“.
Европскиот комесар за проширување и европска политика, Штефан Филе изјавил дека е сериозно загрижена поради оневозможување на на социјалната мрежа „Твитер“, на територијата на Турција, пренесоа „Газета.ру“.