Турција ја укина забраната за Твитер, соопштуваат од Кабинетот на премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
Соопштението доаѓа еден ден откако турски суд одлучи дека забраната на социјалната мрежа во земјата, го прекршува правото на слобода на изразување, и побара пристапот да биде повторно слободен.
Тројца граѓани на Турција досега поднесоа жалба до Уставниот суд по забраната на Твитер од турскио Оддел за телекомуникации.
Социјалната мрежа сега функционира слободно, пренесува CNN.