Турскиот парламент денеска го разгледува барањето на владата да се одобри воена акција во Ирак и Сирија.
Предлогот за воени акции е со цел земјата да се одбрани од заканите на екстремистичката организација Исламска држава која контролира големи делови во Ирак и Сирија.
Како што неодамна известуваа светските медиуми ИСИС се наближија до градот Кобани, клучниот сириски град на границата со Турциј.
Турскиот парламент претходно одобри операции во Ирак и Сирија за напади врз курдските сепаратисти во северен Ирак и за да се спречат заканите од режимот во Дамаск.
Се уште не е наведено кога Анкара ќе ја поддржи коалицијата предводена од САД против борците на Исламската држава, но претседателот Реџеп Таип Ердоган повика да се формира тампон зона на границата меѓу Турција и Сирија, над која ќе нема летови, за да се гарантира безбедност.