Одлуката на турскиот суд да ослободи 25 обвинети за операцијата „Чекан“ е спречување за можен воен удар.
Вкупната бројка на обвинетите е 88 лица за кои Уставниот суд во октомври 2013 година се изјасни за повторување на процесот против нив.
Претходно беа осудени 326 воени лица за „обид за дестабилизација“, бидејќи организирале серија напади на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Според обвинението, заговорот бил подготвуван во 2003 година од воени офицери, кои биле незадоволни од тоа што Партијата на правдата и развојот во 2002 година ја освои власта.
Уставниот суд минатата недела објави дека се прекршени правата на 236 армиски официри, кои беа осудени за „Чекан“.