Демонстрантите во Турција после повеќенеделните протести и судири со полицијата, незадоволни од состојбата во општеството, изнајдоа нов облик на отпор: стојат мирно и читаат книги.
Стоењето во тишина како форма на протест го воведе турскиот уметник Ердем Гундуз, кој со рацете во џебови стоеше осум часа на плоштадот Таксим. Гундуз стана симбол на движењето на отпорот во Истанбул и во останатите делови на Турција, а во деновите кои уследија, илјадници луѓе го следеа неговиот пример, стоејќи мирно со часови.
Новина во протестите на плоштадот Таксим е тоа што демонстрантите покажуваат дека образованието и читањето не мора да престанат додека се пружа отпор на системот и режимот.
Така, читањето се претвори во уште еден облик на бунт и отпор.
Изборот на литература се разликува од демонстрант до демонстрант: тука се Мураками, Орвел Маркес, Ками.