Турција ја запира операцијата на спасување на Сома рудникот, откако уште две тела беа пронајдени, со што се крена бројот на загинати до 301.
Телата на сите рудари кои се затрупани сега се смета дека се пронајдени.
Демонстрантите се судрија со полицијата во близина на Сома. Дописниците јавуваат дека повеќе од 30 лица, вклучувајќи и неколку адвокати, се уапсени.
Неколку демонстрации се одржаа во текот најлошата катастрофа која се случила досега во рудник на Турција.
Локалните власти ги забранија демонстрациите во центарот на Сома, каде полиција употреби гумени куршуми, солзавец и водени топови во петокот, кога протестот за кратко се претвори во насилство.