Илјадници луѓе пристигнуваат денеска на протестите во централниот дел на Истанбул поради одбележување на годишнина од демонстрациите во паркот Гези, кои прераснаа во бунт против Владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
Турција ги зајакнува безбедносните. Илјадници полицајци се распоредени на Плоштадот Таксим во центарот на Истанбул. Турските медиуми, јавуваат дека околу 25 илјади полицајци, како и десетици камиони со водени топови и оклопни возила ќе бидат распоредени во градот.
Премиерот Реџеп Таип Ердоган ги повика младите да ги игнорираат повиците за одбележување на годишнината од ланските протести, кои избувнаа поради плановите за реконструкција на Паркот Гези во Истанбул, а се претворија во антивладини протести. Денеска се очекуваат протести и во Анкара, Измир, Антакија, како и во неколкуд руги градови.