Турција донесе „административна одлука“ да го блокира пристапот на своите граѓани до ЈуТјуб, јавува агенцијата Анадолу.
Ваквата одлука доаѓа по блокирањето на социјалната мрежа Твитер од страна на турската влада, која предизвика реакции со критики од светската јавност.
Премиерот Реџеп Тајип Ердоган, кој обвинуваше дека социјалната мрежа шири анти-владина реторика, се закани дека ќе го искорени Твитер следната недела.
Еден од турските судови пак, издаде налог во средата со кој се бараше од владата да ја укине забраната за Твитер.