Зголемена борбена готовност на турската војска на границата со Сирија, објави „Милиет“.
Според весникот одлуката била донесена поради реалната опасност за турските погранични реони.
Тензиите настанаа по двонеделните жестоки судири во североисточниот дел на Сирија меѓу курдските борци и бунтовниците од екстремистичките групи, блиски до Ал Каеда. Стотици жители ги напуштија реоните каде се водат борбите.
Турски воени авиони секојдневно патролираат по неколку часа во реонот на турско-сириската граница.