Фотографии од археолошки ископувања во Турција се злоупотребени за да се манипулира дека истите се направени во Северна Македонија и дека согласно Преспанскиот договор со археолошките локалитети во државава ќе управуваат на грчките археолози. Вистината е дека ниту фотографиите се направени во државата, а ниту пак постои таква одредба во Преспанскиот договор.
На 12-ти ноември, фејсбук-страницата “Macedonian Coalition”, објави фотографии од археолошки ископувања, при што во описот тврди дека „според Преспанскиот договор археолошките локалитети во Македонија дадени се на управување на грчките археолози.“ Потоа се потенцира дека дури сега ќе се видело како изгледа легална кражба и извоз на македонското културно наследство, а објавата завршува со пцост упатена кон премиерот Заев.