Турскиот парламент во саботата го усвои контроверзниот предлог закон кој би можел да овозможи поцврста политичка контрола над постапката за именувањата на судиите.
За овој предлог закон се гласаше по предлогот на владата, којашто е заглавена во политичко-финансискиот скандал, а по измената на тешки навреди меѓу претставниците на владејачката Партија на правдата и развојот и пратениците на опозицијата.
Непосредно пред гласањето и по повеќедневните тензии меѓу парламентарното мнозинство и опозицијата, турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган објави привремено замрзнување на повеќе членови од контроверзниот текст со кој се реформира влијателниот Висок совет на судиите.
Во два наврата жестоката парламентарна расправа предизвика и тепачка меѓу ривалските страни.
Опозицијата го осуди предлогот закон кој последниот збор при именувањето на судиите му ја дава на министерот за правосудството, тврдејќи дека е противуставени дека неговата единствена цел е да и’ овозможи на владата да ги попречи истрагите за коишто смета дека претставуваат опасност за неа.

