Премиерот на Полска Доналд Туск вечерва изјавил дека укринскиот претседател Виктор Јануковиќ се согласил оваа година да се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори.
Јанукович во разговорот со министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска се согласил во наредните 10 дена да се состави влада на национално единство, изјавил Туск.
-Соопштено ми е дека со Јанукович е договорено оваа година да се одржат предвремените избори, во наредните 10 дена да се состави влада на национално единство, а Уставот да се смени до летото, изјавил премиерот пред медиумите во Полска.
Сепак, како што пренесува агенцијата AFP, Туск не го крие скептицизмот бидејќи искуството покажува дека украинското раководстсво ретко се придржува на даденото ветување.
Во Киев денеска со часови преговараа шефовите на дипломатиите на Полска, Германија и Франција-Радослав Шикорски, Frank Valter Štajunmajer i и Loran Fabijus во име на ЕУ, по што беа воведени и санкции за Украина.