Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тужба за здружението што ширеше лаги за сексуалното образование

0
By Нова ТВ on March 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здруженијата ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Коалиција „Маргини“ поднесоа кривична пријава против Здружението за заштита на човековите права „Од нас за нас“ за поттикнување омраза и дискриминација врз повеќе основи. Самостојно, ХЕРА поднесе и тужба за утврдување граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Овие чекори се преземени согласно реакцијата на ХЕРА по која здружението „Од нас за нас” не само што не се извини и не ги повлече лагите за сексуалното образование и за ХЕРА, туку и продолжи да шири невистини и да објавува несоодветни визуелни материјали во врска со пилотирањето на сексуалното образование во Македонија. Со ова „Од нас за нас” недвосмислено со месеци наназад исто така активно промовира и поттикнува омраза и дискриминација не само кон ХЕРА и организациите и поединците кои го поддржуваат предметот сексуално образование, туку и против децата, жените и ЛГБТИ луѓето.

-Преку објавите на својата веб-страница и Фејсбук-страница, здружението „Од нас за нас” го поткрепува своето несогласување во врска со пилотирањето на сексуалното образование во земјава со пишан материјал полн лажни информации за креаторот и содржината на пилот-програмата и за начинот на нејзиното спроведување. Притоа, користи фотографии и илустрации од преплашени деца и од разголени детски тела со замаглени гениталии кои се преземени од други образовни системи и кои не се дел од прирачните материјали развиени за потребите на овдешната пилот-програма, со единствена намера да предизвика страв и дезинформираност кај јавноста.

Дека здружението не е искрено во своите намери правилно да ги информира граѓаните ниту е доследно на своите заложби за рамноправност на сите граѓани потврдуваат и неговите Фејсбук-објави преку кои со умисла предизвикува дискриминација и омраза. Доволен показател за ова се коментарите под објавите кои се пример за навреди, исмејување и говор на омраза врз основа на пол, род и сексуална ориентација – објави на кои здружението во ниту еден наврат не реагира. Во услови кога стапката на насилство кон девојките и жените е на загрижувачко ниво, говорот на омраза кон маргинализираните групи и постапките на здружението во Интернет-просторот директно охрабруваат хомофобија и дискриминација врз жените.

Очекуваме Јавното обвинителство да ја прифати кривичната пријава и да започне постапка со што, конечно, ќе даде пример дека во оваа земја не смее да има простор за поттикнување говор на омраза кон ранливите групи на граѓани и за ширење лаги кои директно се одразуваат на здравјето на младите. Дополнително, очекуваме и Основниот суд да утврди граѓанска одговорност за навреда и клевета за лагите и невистините кои ги пласира ова здружение.

Обврската за воведување сексуално образование произлегува од низа меѓународни документи кои Република Северна Македонија ги има потпишано и ратификувано, вклучително и од препораките на последниот извештај на Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената, според кои и наставниците треба да имаат значајна улога во справувањето со родовите стереотипи. Воведувањето на сексуалното образование се предвидува и во повеќе национални стратегиски документи на кои се имаат обврзано владите на Македонија од 2010 година наваму. Сексуалното образование во училиштата се предвидува како мерка за спречување на насилството кај младите и со Новиот закон за спречување насилство врз жените и семејно насилство, усвоен од Собранието во јануари 2021 година, се вели во соопштението на ХЕРА, Хелсиншки комитет за човекови права и Коалиција „Маргини„.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.