Милан Бандиќ е уапсен заради сомневање дека направил неколку коруптивни дела а за него се водела полициска истрага неколку месеци, јавува порталот Индекс, повикувајќи се на неофицијални извори.
Индекс дознава дека истрагата против Бандиќ оди во две насоки- прва е земање пари од загрепски холдинг за време на претседателската кампања во 2009 година. Неофицијални извори потврдиле дека во истрагата се спомнува една позната рекламна агенција. Другата истрага е во врска со измена на урбанистичкиот план и печките Ресник.
Бандиќ соопштил дека истрагата за него претставува изненадување и е уверен дека Градот работел согласно законите и во интерес на Загреб и неговите граѓани.
Ускок покренал истрага против 8 осумничени за незаконити измени на урабнистичкиот план и се теретат најламку 43 лица за незаконито и неовластено менување на просторно-планската документација.