Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Х.Б.(43) од Скопје, соопштија од МВР.
Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Исто така, Х.Б. е предмет на повеќе истраги и мерки притвор за други кривични дела, меѓу кои се нарушување на јавниот ред и безбедност и други сериозни прекршоци според Кривичниот законик.
Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казните, информираат од МВР.