Приказната на 26-годишниот Слободан Неделковиќ Џамбо, која за време на поплавите емотивно ги допре граѓаните, е лажна, објавува Telegraf.rs.
Медиумите во регионот ја пренесоа неговата изјава дека во поплавите кои ја погодија Србија, тој ги изгубил двегодишниот син и сопругата, но продолжил да им помага на другите спасувајќи туѓи животи во Обреновац.
Но откако во следна прилика рече дека му јавиле дека е пронајдена неговата фамилија но тој се уште не знае дали се живи или мртви, започна сомнежот.
На интернет се појави и негови познаници кои потврдија дека Џамбо нема семејство. Тој сега заврши зад решетки под обвинение дека ширел страв и паника, но и дека исвршил неколку кражби глумејќи дека е спасител.
Досега собрал 30.000 динари помош и се истражува дали е износот поголем. „Херојот од Обреновац“ лажел дека жената и детето исчезнале во текот на поплавите, а против него ќе биде најверојатно поднесена и пријава за лажно земање пари од хуманитарна помош.
Фото: Telegraf.rs