Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсен лажниот хирург од Белград кој осакатил неколку жени вршејќи пластични операции

0
By НОВА ТВ Balaban on May 25, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дваесет и тригодишниот масер од Батајница кај Белград, кој со години држел „елитна“ ординација за пластична хирургија во српскиот главен град, е уапсен по неколкунеделна полициска потрага, откако десетици жени се пожалија на здравствени проблеми како последица на неговите неуспешни и нестручно изведени операции.

На Сава Кнежевиќ и неговата мајка Даниела (49), цвеќарка по професија, која му помагала, ќе им се суди за надрилекарство. На двајцата им е одреден 48-часовен притвор, јавуваат српските медиуми.

Кнежевиќ пет години „оперирал“ и вршел естетски зафати како инјектирање ботокс и липосукции, иако не бил квалификуван за нив, а клиенти во неговата „дива“ ординација, во која цените биле драстично повисоки отколку во легитимните ординации, биле и личности од јавниот живот во Србија.

Лажниот доктор се сомничи дека осакатил десетици луѓе, главно жени, претставувајќи се лажно како специјалист по реконструктивна хирургија. Ординацијата била опремена со најскапа опрема и се наоѓала на атрактивна локација во центарот на Белград, но околу неа немало никаква назнака дека се работи за медицинска установа. Хируршите зафати се вршеле на импровизирана маса за операции поставена на застаклена тераса, а на „докторот“ Кнежевиќ му помагал цел медицински тим, за кој полицијата сѐ уште открива дали биле измамници како и газдата, или се работи за вистински лекари кои не знаеле за кого работат.

Повеќе познати естрадни ѕвезди во Србија ја рекламирале незаконската ординација на масерот Сава и се фалеле дека таму им бил извршен корективен зафат, сѐ додека во јавноста не почнаа да се појавуваат слики од унаказени усти, гради и задници, а случајот стана национален скандал.

Уапсениот Кнежевиќ поминал само прва година на Стоматолошки факултет, а работел како масер со завршен курс. Наместо да ги разубави, како шо им ветувал, лажниот доктор на многу жени им предизвикал лузни, изгореници и дупки на разни делови од телото од каде земал мрсно ткиво за пресадување во гради или во уста. Дел од пациентките кои го пријавиле и го тужат Кнежевиќ, велат дека им бил загрозен и животот.

Како што пишуваат медиумите, Кнежевиќ во последните месеци дури и го проширил „бизнисот“ и почнал да им нуди на странци аранжмани за вакцинирање во Србија, по цена од 600 евра за две дози.

Неверојатно вештиот измамник дури успеал во 2017 година, кога имал само 19 години, да им одржи предавање на француски лекари во една клиника во Париз, а медицинската установа до неодамна ја имала објавено на својата веб-страница снимката од неговото „предавање“.

Белград масер осакатил уапсен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.