Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсен Mакедонец кој организирал продажба на дрога во Австралија

0
By Соња Крамарска on October 28, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на вчерашниот ден под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во Струга беше спроведена акција во која едно лице е лишено од слобода. Акцијата е резултат на меѓународна соработка со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија.

Денеска предметниот јавен обвинител постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лицето поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.1 и кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл.215  ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот во временскиот период од почетокот на месец август 2021 година до почетокот на месец септември 2021 година со цел неовластено купување, пуштање во промет и посредување во продажба на наркотична дрога – метиламфетамин и кокаин, создал меѓународна криминална група на која припадници станале петмина австралиски државјани кои дејствувале  на територијата на Западна Австралија. Секој член на групата имал своја улога на купување, продажба, посредување во купопродажба, нудење на продажба и пренесување на наркотичната дрога, со цел понатамошна продажба.

Македонскиот државјанин користејќи различни платформи преку енкриптирачки мобилни уреди пристапувал и комуницирал под псевдоними и притоа, во критичниот период, договорил неовластено купување на 10 kg метиламфетамин по цена од 2.400.000 австралиски долари, неовластено посредување на 37 kg метиламфетамин во вкупна вредност од 8.880.000 австралиски долари и 7 kg кокаин по цена од 2.240.000 австралиски долари за вкупната количина кокаин. Купопродажбата и примопредавањето на дрогата се одвивала преку австралиските членови со кои се договарал за местото, времето и начинот на преземање и плаќање на истата.

Австралиските државјани во акција спроведена на 31.08. и 1.09.2021 година на територијата на Австралија од тамошните органи на прогонот, се лишени од слобода и против истите се води кривична постапка пред австралиските надлежни органи. Во изминатиот период доказите обезбедени од австралиските власти преку меѓународна правна помош беа доставени до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Вчерашната акција е резултат на претходно спроведена постапка.

На предлог на обвинителството судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на осомничениот со Решение му е определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

 

 

 

Австралија уапсен Македонец за дрога
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.