Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсен нарко-босот Дарко Шариќ

0
By Нова ТВ on March 18, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во заедничка акција на полициите на Србија и на Црна Гора, како што јавуваат српските медиуми, бил уапсен Дарко Шариќ, осомничен како еден од главните организатори на трговијата со дрога во регионот.

Тој околу 10 часот утринава веќе бил однесен во Специјалниот суд, јавуваат српските медиуми.

Шариќ се криеше долго во земјите на Латинска Америка, преминувајќи од една во друга земја, каде бил и пронајден. Откако го лоцирале тој бил однесен во Црна Гора каде бил и уапсен.

Во апсењето клучна улога имале српсаките специјалци, а во 12 часот во Владата е закажана конференција за новинарите.

Неговото апсење пред една недела го најави лидерот на Српската напредна партија Александар Вучиќ. Во 2010 година по Шариќ беше распишана меѓународна потерница.

Против него се покренати пет обвининија за трговија со наркотици и за перење пари.

Шариќ пред Специјалниот суд во Белград треба да се појави за прв пат на 24 март за кога е закажано продолжение на судењето на припадниците на неговата криминална група, која се терети за шверц на три тони кокаин од Латинска Америка во западна Европа во текот на 2008 и 2009 година.

По шест споени обвиненија против вкупно 39. членови од групата на Шариќ, во обвинителна клупа ќе седнат 11 лица, бидејќи 16-мина се во бегство, девет ја признале вината, а тројца се добиле статус на заштитен сведок.

На Дарко Шариќ и лицата вмешани со неговиот криминал изминатите четири години им се одземени недвижнини, луксузни вили, куќи, станови, локали, земјишта, претпријатија, хотели, автомобили, како и целиот инвентар.

Трагата на до скоро најбараниот Балканец му се губи во октомври 2009. година во текот на акцијата „Балкански воин“, која се одвиваше во исто време и во Уругвај и во Белград и до сега му беше судено во отсуство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.