Рускиот опозициски политичар Владимир Кара – Мурза е уапсен во текот на вчерашниот ден пред својата куќа во Москва, јави агенцијата ДПА.
Причините за апсењето се непочитување на наредба од полицаец, војник и службеник на федералната безбедносна служба, дело за кое може да добие казна затвор до 15 дена.
Критичарот на рускиот претседател Владимир Путин, претходно изјави дека преживеал два обида за труење, за што ја обвинува руската тајна служба.
Истражувањето на групата Белингкет (Bellingcat) покажало дека Кара бил следен од агенти на руската тајна служба ФСБ за кои, исто така, постојат сомнежи дека се вмешани во труењето на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални.