Уапсена е 48 годишната В.Б., сопруга на поранешен министер за транспорт и врски, која беше во бегство, јавуваат македонските медиуми.
Како вработена во Македонски пошти, таа е дел од десетчлената група службеници осомничена дека со своето незаконско и непрофесионално работење, минатиот месец овозможиле грабеж на 211 илјади евра од поштата во Чаир.
Осуммина беа веднаш уапсени, додека В.Б. беше пронајдена вчера, а се уште се трага по осомничената блиска роднина на висок функционер од ДУИ.