Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсени хрватски воен пилот и негова партнерка од Косово: Се сомничат за шпионажа за Србија

0
By Zoran Ivanov on August 27, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На островот Вис уапсени се пилот на Хрватското воено воздухопловство и неговата партнерка од Косовска Митровица, под сомнение дека шпионирале за Србија. Во истрагата е вклучен и Европол.

Според информациите на Индекс.хр, А.М., српска државјанка од Косовска Митровица, и нејзиниот долгогодишен партнер Ј.И., пилот на воен хеликоптер и припадник на Хрватските воздухопловни сили, биле приведени на островот Вис поради сомневања за оддавање доверливи информации на српската страна.

Истражителите веруваат дека пилотот му откривал службени тајни на својата партнерка, која потоа ги проследувала кон партијата „Српска листа“ во Косово. Според наводите, станува збор за податоци за движењата на српското население на северот од Косово и активностите на КФОР, особено во чувствителната област Зубин Поток, каде често се јавуваат тензии меѓу Србите и косовските власти.

Дополнително, двајцата се товарат за размена на информации околу транспортот на уапсениот поранешен косовски полицаец Дејан Пантиќ, чиј случај во 2022 година предизвика масовни блокади и протести на северот од Косово.

Двајцата биле уапсени на 25 јули годинава. Ј.И. завршил во истражен затвор, додека А.М. добила одлука за протерување од Хрватска и е сместена во прифатен центар за странци во Триљ. Неофицијално, се дознава дека мобилните телефони на двајцата содржат комуникации кои се сметаат за клучен доказ за нивни шпионски активности.

 

пикотѕ Србија хрватски штпијунажа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.