Убиен уште еден Албанец во борбата против власта на претседателот Асад- младиот гостиварчанец Расим Н. бил дел од опозициското движење во Сирија “Јабха ел-нусрах”, јавува порталот на албански јазик Aлмакос , повикувајќи се на сигурни извори.
Расим е првиот волонтер од Македонија, кој е убиен во Сирија, објавува Алмакос.
Претходно, медиумите објавија вести за убиени Албанци од Косово во борбата против режимот на претседателот Башар ал-Асад. Овие вести оставија сомнение дека во Сирија има и други групи од по десетина Албанци, добро вооружени кои војуват против Асад во Сирија, пишува Алмакос.