Непознати напаѓачи убиле претставник на египетското Министерство за внатрешни работи пред неговата куќа во Каиро. Соборениот претседател Мохамед Морси денеска пред обвинителна клупа.
Убиен е шеф на техничката канцеларија во Министерството за внатрешни работи на Египет, генералот Мохамед Саед. Напаѓачите го убиле додека бил во неговиот автомобил, пренесува Ројтерс.
Во меѓувреме, Морси со хеликоптер пристигна во Каиро од затворот Борг ел Араб во Александрија. На поранешниот претседател му се суди за бегство од затвор во 2011 година, кога повеќе од 20.000 луѓе побегнаа од египетските затвори.
Околку 130 обвинети во тој процес на судењето пристигнале со автобуси. Меѓу нив и припадници на палестинската екстремистичка група Хамас и либанската Хезбола.
Ова за Мохамед Морси е второ појвавување пред судовите откако е соборен од власт, а на 8.јануари тој не се појави пред судовите за други обвиненија, поради лошите временски услови кои не дозволуваа полетување на хеликоперот од затворот во Александрија.