Пакистанската разузнавачка служба соопшти дека во напад изведен најваројатно од американско беспилотно летало биле убиени четворица талибански милитанти во Северен Вазиристан, јавува Би-Би-Си.
Пакистанските талибанци потврдиле оти при нападот бил убиен нивниот лидер Хакимулах Мехсуд.
Нападот бил насочен кон возилото што се користело од страна на Мехсуд, со четири проектили во северо-западниот регион на Северен Вазиристан.
Четири други лица беа убиени во нападот, вклучувајќи ги и двајцата телохранители на Мехсуд, велат разузнавачки извори за ББЦ.
Неколку претходни тврдења за неговата смрт, направени од страна на американските и пакистанските разузнавачки извори, се покажаа неточни.
Ова е втор ваков напад откако во минатиот месец во Вашингтон пакистанскиот премиер Наваз Шариф побара запирање на акциите со беспилотни летала.