Намјалку 14 луѓе се убиени по експлозија на автомобил-бомба близу болница во сирискиот град Атмех со кој управуваат бунтовниците, близу границата со Турција.
Бомбата експлодирала близу болницата Ориент, со која пак управуваат опозициски активистим кои исто така раководат и со телевизија под истото име.
Ориент ТВ соопшти дека 50-ина други се повредени при експлозијата, а голем дел од болницата е уништен.
Атмех, во провинцијата Идлиб, е дом за Сиријците-бегалци кои настрадаа во неодамнешните судири во земјата.