Најмалку 35 лица загинаа откако од ракетен фрлач бил погоден камион во кој, од областите на аеродромот во Донецк биле пренесувани ранетите лица.
Гувернерот на Доњецката област, Павел Губарев, на својот Фејсбук профил напишал дека камионот бил обележан како амбулантно возило и дека на себе имал знаме на итната помош. Тој додал дека за време на нападот биле ранети 15 лица, пренесува Итар – Тасс.
Силите за самоодбрана на Доњецк воспоставиле контрола на меѓународниот аеродром каде едно лице било убиено, а две други биле повредени, а во нападите на аеродромот учествувале и украински авиони кои ја напаѓале областа околу аеродромот.