Во престрелка на влезот од селото Табановце синоќа убиен е еден мигрант. Уште едно лице било повредено во пределот на градите, кое според неофицијалните информации, им подлегнало на повредите.
Расправија која кулминирала во тепачка па вооружена престрелка се случила вчера вечерта помеѓу поголема група на лица на влезот од селото Табановце, јавуваат македонските медиуми.
Жител на селото поради големата врева случајот го пријавил во полиција, која излегла на местото каде според информациите бил нарушен јавниот ред и мир.
Кога пристигнале таму, пронашле починато лице облеано со крв како лежи на коловозната лента од автопатот, а најверојатно станува збор за мигрант.
Од полицијата информираат дека било повредено било уште едно лице од огнено оружје во пределот на градниот кош, кое по укажаната лекарска помош било пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.
Од полицијата не се информирани за неговата здравствена состојба, но според неофицијални информации, лицето им подлегнало на повредите.
МВР деталите ги најавува подоцна.