Шеснаесетгодишниот Марко Ј. почина синоќа како последица на прострелните рани здобиени од пукањето од автомобил во движење, додека бил во дворот на старото основно школо „Алекса Шантиќ“ во белградската населба Калуѓерица.
Информацијата дека е пукано од автомобил во движење на лекарите во Клиничкиот центар во Белград им ја кажал таткото на Марко Ј., додека во полицијата тоа се уште не го потврдуваат.
Како што неофицијално јавуваат српските медиуми, пукањето се случило синоќа во 22 часот, а врз момчето е пукано додека со врсниците седел во школскиот двор. Во Итна помош го однел неговиот татко.
Оттаму веднаш е префрлен во Ургентниот центар, за жал Марко починал на одделот за реанимација.
Полицијата се сомнева во исказот на таткото дека во момчето било пукано од автомобил во движење бидејќи тоа бил погодено од грб. Полицијата врши истрага дали можеби некој од групата пукал во Марко.
Според втората верзија, момчето седело со пријателите, но во него е пукано по излегувањето од школскиот двор. Истрагата е во тек.