Попладнево се случило убиство во селото Арачиново, а дел од влезовите во селото од страната на скопска црна гора се блокирани од страна на полицијата, велат за НОВА извори во полицијата. Мотивите за убиството не се познати, но некои од жителите на Арачиново со кои НОВА стапи во контакт велат дека има во Арачиново буквално врие од полиција, а дека според гласините убиството се случило во близина на партиски штаб на некоја од албанските политички партии. Еден човек е мртов, а полицискиот портпарол не е достапен за да ги потврди гласините.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.