Во чајџилница во Чаир синоќа е застрелан четириесет и седумгодишен маж кој починал во болница, информира полицијата.
Според соопштението на МВР, настанот бил пријавен околу 21.40 часот, односно било пријавено дека две лица пукале од автоматско оружје на улицата „Браќа Реџепагиќи“.
„Во престрелката тешко е повреден Ј.И. (47) од Скопје, кој бил испратен во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, каде околу 22.20 часот починал. Со повреди се здобиле и М.А. (43) и Љ.Ш.(42) од Скопје, кои се испратени со лекарска помош во Општата болница „Свети Науми Охридски“, се вели во известувањето на МВР.
Неофицијално, скопјанецот Јонуз Идризи е убиенот во пукањето. Јонуз е најстариот брат на Камер Идризи, кој беше убиен пред една година.