На само 7 дена пред одржувањето на вториот круг на изборите лидерот на Титовите леви сили, Слободан Угриновски се премисли и поддршката му даде на кандидатот за градоначалник на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ Владимир Тодоровиќ.
„Тодоровиќ е човек кој знае да прави дела и знае како да ја води општината“, изјави денеска Слободан Угриновски.
Пред првиот круг од локалните избори, сепак Угриновски од името на партијата, поддршката му ја даде на Андреј Жерновски, кандидат за градоначалник на Центар од „Сојузот за иднината“.
Угриновски тогаш ги повика граѓаните да гласаат за, како што рече, младиот скопјанец полн со идеи и визија за Скопје, кој во следниот изборен циклус ќе му го затресе столчето и на Коце Трајановски.