Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Дневните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени Целзиусови., вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
Од утре до среда, под влијание на нестабилна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.