Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните со бруто приходи од 309 милијарди денари, скопјанка е најбогата во државата

0
By Нова ТВ on February 26, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најбогатиот граѓанин во државата е жителка на Скопје која во 2018 година ја остварила највисоката капитална добивка во последните 10 години. Бруто приходите што ги пријавила се 1.056.992.055 милијарда денари. Втор на листата, со остварен бруто годишен приход од 453.517.731 милиони денари е, исто така, жител од Скопје. Во топ 10 со пријавени највисоки бруто приходи во 2018 година се и жители од Гевгелија, од Струмица и од Тетово. Ова се податоци што ги соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

Според презентираните податоци, највисоката бруто годишна плата е исплатена во секторот здравство во износ од 183.806.532 милиони денари, а на листата со највисоко рангирани бруто плати се и секторите трговија со тутун и тутунски производи, компјутерско програмирање, производство на метални производи, аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти. Граѓанин од Скопје, пак, има остварено највисоко лично примање по друг основ во износ од 119.268.921 милиони денари.

Во 2018 година остварен е највисокиот износ на капитална добивка во последните 10 години од страна на граѓанин на Скопје во износ од 841.164 денари. По основ на дивиденди и други приходи од учество во добивката, скопјанец пријавил заработка од 407.262.693 милиони денари. Кај самостојните вршители на дејност, доминираат оние од Скопје со приход од кои највисокиот износ е 46.024.172 милиони денари. Во десетте топ рангирани се и адвокати, нотари, извршители и угостители.

 

Од сопствени земјоделски производи, највисок приход е забележан кај лица во јужниот регион, поточно од Гевгелија, кој остварил приходи од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 25.319.395 милиони денари, како и жител на Валандово кој остварил приход 19.744.161 милиони денар.

Тетовец, пак, пријавил највисок бруто приход од имот и имотни права во износ од 84.039.667 милиони денари, додека скопјанец пријавил највисок бруто годишен приход од 22.612.966 милиони денари од авторски права по основ на индустриска сопственост. Од игри на среќа во Скопје е пријавен вкупен бруто приход од 53.611.197 милиони денари.

По основ на пензија, лице од Скопје има највисок бруто приход по тој основ во износ од 5.738.783 милиони денари, а од пензиски надоместок за доброволно пензиско осигурување во Скопје е пријавен приход од 2.798.737 милиони денари. Највозрасниот жител, кој остварил приход од преку еден милион денари, во 2018 година имал 99 години, а со приход од над десет милиони денари било лице на возраст од 93 години.

Управата за јавни приходи, како што информира Лукаревска, во текот на минатата година има доставено пополнети годишни даночни пријави до 795.953 граѓани, кои имале вкупни бруто приходи од 309.058.476.787 милијарди денари со 18.460.162.575 денари платен персонален данок.

Автоматски се потврдени 480.085 даночни пријави, 139.961 годишна пријава се потврдени од страна на граѓаните, додека корекции се направени кај 6.454 годишни даночни пријави. Од минатата година, УЈП доставува до граѓаните претпополнета годишна даночна пријава, која гаѓаните треба да ја потврдат или доколку има потреба да ја коригираат.

Лукаревска оцени дека минатата година, која беше прва во која самите граѓаните не поднесуваа годишни даночни пријави, процесот се одвивал успешно.

Најави дека и оваа година ќе ги повикаат граѓаните да ги проверат корисничките профили кои ги има над 700.000, да ги проверат доставените годишни даночни пријави и да ги потврдат или коригираат во законски утврдениот рок до 31 мај. Управата за јавни приходи годишните даночни пријави има законска обврска да ги достави во период од 1 до 30 април.

Од 1 јануари минатата година се воведе новата процедура за пријавуање и пресметување персонален данок на доход со поднесување на електронска пресметка за приход и данок до УЈП преку системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk.

Бруто Приходи Сања Лукаревсјка Статистика УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.