65 проценти од деловните објекти прикажувале нереални финансиски показатели и со тоа директно го оштетиле буџетот, покажуваат контролите на УЈП спроведени во месец Септември.
Над 400 објекти не го прикажувале во целост готовинскиот промет од своето работење и плаќале помалку данок.
Само во последните два дена, затворени се 17 објекти во Скопје, од кои четири се поголеми салони за мебел лоцирани во Центар, Чаир и Бутел. Во еден случај поднесена е и кривична пријава поради неовластено отстранување на пломбата на објектот.
Со цел реално оданочување, УЈП паралелно со интензивните контроли во делот на фискализација, ја применува и мерката „попис“ посебно кај ризичните дејности, што значи проверка и пребројување на целокупната стока и производи во сите деловни единици на даночниот обврзник.
Од почетокот на годината, УЈП има повикано 500 правни и физички лица на едукативни средби во делот на фискализација.