Над стотина објекти беа затворени од Управата за јавни приходи во изминатиот месец. На удар на инспекторите се најдоа голем број на ресторани, кафулиња, продавници за храна, текстил, обувки, гранапчиња.
Објектите ги затварале заради неиздавање на фискални сметки или вишок на промет на касите.
Во акцијата се вклучени 150 даночни инспектори кои контролираат низ цела држава. Дел од сопствениците кои се плашат да зборуваат јавно, велат дека инспекторите работеле селективно и дека ова само причина како да се наполни буџетот.
Од УЈП објаснуваат дека неселктивно се вршат контролите на деловните објекти дали издаваат фискални сметки , дали реалано го прикажуаваат готовинскиот промет и како ја водат финансиската документација.
Досега во секој град се затворени од 20 до 50 фирми.Во Кумановос е затворени дури 69 деловни објекти.