Вкупно 29 објекти затвори УЈП во последната акција поради како што соопштија, „профитирање“ на сметка на данокот кој го плаќале граѓаните. Во Штип се затворени 21 објект, а осум во Гостивар.
Од УЈП соопштуваат дека од затворените објекти две биле трговци- поединци кои вршеле дејност од мал обем, за кои е предвидена казна од 750 евра.
За останатите, меѓу кои има магацини на големо за градежни материјали, бензиска пумпа, ресторани специјализирани за свадби и други угостителски објекти, а кои прикажувале помал промет и до 50 проценти, изречени се глоби од 3.250 евра.
Од УЈП потенцираат, граѓаните задолжително да побараат фискална сметка со цел да се осигураат дека данокот, кој тие го плаќаат како потрошувачи, нема да заврши во нечии “приватни џебови“.