Украински армиски хеликоптери престана да летаат над Словјанск, источна Украина и во градот настана затишје по акцијата која утрото ја започна Украина за враќање на градот под своја контрола.
Итар-Тас јавува дека експлозиите и пукањата од автоматско оружје веќе не може да се слушнат но, ситуацијата се уште е напната. Судири имаше во предградијата Словјанск, наводно, има и повредени.
Претставникот на про-рускиот сепаратисти кои имаат контрола над градот, изјави дека во предградието има урнати згради откако украинската војска ги нападнала од воздух и од копно.
Руските новински агенции ги пренесуваат зборовите на Вјачеслав Пономерев, самопрогласениот градоначалник на Словјанск, која вели дека два хеликоптери биле уништени и дека еден пилот бил пренесен во болница, а другиот бил убиен.
Случајот со убиениот пилот го потврди и украинскиот министер за внатрешни работи Арсениј Авакаов.
Привремениот претседател на Украина Олександр Турчинов, оценувајќи дека е загрозен територијалниот интегритет на земјата, повторно вчера воведе задолжителната воена обврска укината пред една година.