Украинските демонстранти го напуштаат градското Собрание во Киев, симболичен центар на долготрајните анти-владини демонстрации, велат очевидци, јавува Би-Би-Си.
Овој потег е во договор со власта- за да бидат повлечени обвиненијата против опозицијата, таа треба да замине од Собранието.
“Градската сала е речиси целосно евакуирана”, изјави портпаролот на опозицијата Руслан Андријко за АФП.
Владата вети дека ќе се отфрлат сите обвиненија против демонстрантите, ако тие ги напуштат владините згради и поставените блокади на патиштата.
Градското собрание е окупирано од страна на демонстрантите повеќе од два месеца.
Демонстрантите започнаа со протести во ноември, кога претседателот Виктор Јанукович ги отфрли плановите за договор со ЕУ.

