Украинскиот суд ги ослободи демонстрантите кои беа уапсени за време на насилните протести во близина на зградата на претседателството.
Ослободувањето на уапсените демонстранти било едно од барањата на опозицијата, потсетува АП. Портпаролката на жалбениот суд, Олга Чапља, рекла дека се ослободени најмалку 9 уапсени демонстранти по протестите на 1-ви декември, но дека сепак ќе се води кривична постапка против нив.
Опозицијата за преговорите со владата постави услов ослободување на демонстрантите. Исто така бараше посветеност на владата во унапредување на односите со Европската унија.