Русија денеска соопшти дека разменила 150 воени заробеници со Украина за исто толку руски затвореници и ова останува една од ретките теми на кои двете земји во војна успеваат да соработуваат.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, од своја страна, на Телеграм напиша дека „денес е добар ден за Украина бидејќи враќа 150 свои бранители од руско заробеништво“.
Руското Министерство за одбрана, кое ја објави размената, соопшти дека Русите во моментов се во Белорусија и добиваат „психолошка и медицинска помош“.