Илјадници луѓе се собраа во украинскиот главен град, Киев, интензивирajќи го притисокот врз Владата, откако одби да потпише договор за поблиски врски со Европската унија, јавува Би-Би-Си.
Протестите – сега во својата трета недела – дојдоа ден по разговорите меѓу претседателот Виктор Јанукович и неговиот руски колега Владимир Путин.
Јанукович изјави дека го одложил договорот со ЕУ по руското противење.
Путин бараше од Украина да се приклучи на руската царинска унија.
Двете страни негираа дека прашањето Киев да се приклучи на царинската унија со Русија, Белорусија и Казахстан дојде за време на состанокот Путин-Јанукович во Сочи, во јужниот дел на Русија.
Дописниците претходно шпекулираа дека договорот за Украина да се приклучи на царинска унија би можел да биде постигнат во замена за намалување на цената на енергијата.
Двете соседни земји исто така се обидуваат да го решат долготрајниот спор околу енергетските резерви.