Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака рече дека украинската армија им пружа жесток отпор на руските сили и го забавува нивниот напредок.
Тој додаде дека руски авион се урна над Харков, вториот по големина град во Украина.
Зеленски потенцира дека нема намера да попушти пред Русија, и покрај продолжувањето на нападите и влошувањето на хуманитарната ситуација. Тој ги повика сонародниците да продолжат да ја бранат земјата
Коментарите на претседателот на Украина доаѓаат по серијата преговори меѓу делегатите на Украина и Русија. Зеленски рече дека не се сретнал со руските преговарачи, но и рекол на својата делегација дека за секој значаен компромис ќе биде потребен референдум.
– На нашите преговарачи им објаснив дека кога станува збор за можни промени, а особено за промени од историско значење, мора да се одржи референдум. Народот мора да одлучи за овој или оној облик на компромис. А какви компромиси би можеле да се направат, тоа ќе зависи од преговорите меѓу Русија и Украина – рече Зеленски.